Се запалила соба во кумановскиот затвор

Од Регионалниот центар за управување со кризи (ЦУК) Куманово известија дека вчера била запалена една соба во затворот К'шање, кумановско. 

Фото: Илустрација

Пожарот избувнал во пладневните часови.

„Веднаш е информирана противпожарната единица, полицијата, како и социјален работник, бидејќи лицето сместено во собата во притворското одделение е малолетно. При извлекување на притворените од собите еден полицаец од затворот е хоспитализиран поради задушување и му е пружена помош. Нема повредени осуденици. Пожарот е изгаснат“, изјави за МИА, директорот на затвор Кшање, Ненад Цветковиќ.

Од РЦУК Куманово, информираат дека пожарот избувнал во 12:07 и бил изгаснат до 13:20 часот. Пожарот го гаселе петмина пожарникари со едно противпожарно возило.

Пожарот бил пријавен и во СВР Куманово на пладне од каде била испратена екипа.

Легенда под Главна слика

Фото: Илустрација

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе