Ноќеска во полиција било пријавено дека на подрачјето на Карпош настанал пожар на патничко возило „фиат пунто“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на З.Ј.(61) од Скопје. Од пожарот биле зафатени уште две патнички возила, „цитроен ц4“, сопственост на В.А.(70) од Скопје и „југо корал“ сопственост на Н.С.(70) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.
Повредени лица нема, а од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.