Се запали куќа во која имало 5 малолетни деца, гореле и три соседни куќи

На улицата „Брсјачка буна" во Скопје вчера од засега непознати причини избувнал пожар во куќата на А.Џ. (48). Во куќата биле неговите пет малолетни деца кои навремено биле евакуирани од соседите.

Покрај неговата куќа, која била целосно опожарена, зафатени биле уште три соседни куќи, сопственост на Џ.Х. (26), на Ѓ.Ф. (35), на двете им биле опожарени само кровните конструкции, и куќата на Н.Л. (42) на која била оштетена фасадата и кровната конструкција од помошен објект.

Пожарот бил изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита. Се работи на целосно расчистување на настанот.

Родовото прашање е клучен двигател за резултатите на здравството.

повеќе

Постојат повеќе административни и технички решенија против плагијаризам што се применуваат од издавачите и универзитетските менаџменти, а понекогаш и државните власти, како што е случајот во Македонија. 

повеќе

И не само тоа, туку квалитет на слободата. „Слободата нема никаква вредност ако во себе не ја вклучува слободата на грешките" - Махатма Ганди.

повеќе