„Вчера во 12.15 часот во СВР Куманово било пријавено дека настанал пожар во патничко моторно возило во движење на автопатот Куманово – Табановце во сопственост на Д.С.(26)“, соопштија од полицијата.
Екипа на противпожарна единица од Куманово интервенирала и го изгасила пожарот на возилото „бмв“.