Се запали автобус на ЈСП

Вчера околу 06:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје настанал пожар во автобус во движење, сопственост на ЈСП Скопје.

„Автобусот бил управуван од Д.М.(46) од Скопје, во кој во моментот немало патници. Возачот го изгаснал пожарот“, информираат од МВР.

Увид извршила екипа од СВР Скопје.

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе

Излегува дека само Македонците на овој свет се должни пред сè да се грижат за правата на сите други луѓе и на крајот да размислуваат (но само да размислуваат) за себе.

повеќе

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе