Сообраќајна контрола

Се вози со 200 километри на час, 90 казни на автопатот Велес - Скопје - Куманово

Полицискиот радар денеска, за шест часа контрола, регистрира 90 возачи кои возеле значително побрзо од дозволената брзина на автопатот од Велес кон Кумнаново. На патиштата низ Македонија некои возачи и натаму возат пребрзо, без оглед што температурите се под нулата при што може да се соочат со мраз на патот и да ја загубат контролата. На фотографијата се гледа како еден возач е „фатен“  на радар при брзина од 194 километри на час.

Во соопштението на МВР се вели дека во периодот од 9 до 15 часот Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово - Скопје - Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.

„Санкционирани се 90 возачи, од нив, 18 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина“.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе