ОЈО бара парична казна од 2.000 евра

Се возел со автомобил низ Скопје за време на полициски час

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице со двојно македонско и канадско државјанство заради кривично дело – непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот 52-годишник без постојано живеалиште во Скопје, на 11 април, за време на важечки полициски час, со автомобил се движел на крстосницата меѓу булеварите „Борис Трајковски" и „Србија". Со ова тој постапил спротивно на мерките и протоколите за заштита на здравјето на населението од зарaзната болест ковид-19, наведоа од ОЈО.

За непочитување на полицискиот час Основното јавно обвинителство Скопје повело постапка и против двајца македонски државјани, кои исто така се гонат за кривично дело – непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот зкаоник.

Од ОЈО посочија дека за секој од нив надлежниот јавен обвинител поднел предлози за издавање казнен налог со кои од Судот побара да изрече парични казни од по 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да ја определи на 20 евра во денарска противвредност

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе