Се судриле автомобил и воз кај Велес

Вчера, во 17 часот било пријавено дека на железнички премин од пругата Велес-Битола кај поранешната фабрика „Киро Ќучук" во Велес се случила железничка незгода.

Имено возот удрил во патничко возило „БМВ“ со италијански национални ознаки, управувано од Џ.Е.(48) од село Долно Јаболчиште. Товарниот воз бил управуван од Д.Н.(53) од село Лопате, кумановско.

Железничкиот сообраќај на релација Велес-Битола бил во прекин од 17 до 19.40 часот. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Велес.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе