Се шири пожарот кај Радовиш

Пожарот на планината Готен, меѓу селата Покрајчево и Злеово во општина Радовиш, се уште гори и се шири кон општина Василево, информира градоначалникот на Радовиш, Герасим Конзулов.

Од вчера се ангажирани и хеликоптери на Аармијата во гаснењето на пожарот, а од денеска градоначалникот Конзулов бара да се вклучат и војници, покрај екипите на Дирекцијата за заштита и спасување, ЈП „Национални шуми“ од подружниците во Радовиш, Струмица, Штип и Кочани, како и пожарникари од ТППЕ Радовиш.

„Мора да се вклучат и војници, бидејќи овој пожар почна да се шири кон територијата на Струмичкиот регион, односно кон општина Василево. Пожарот е голем, а ситуацијата е многу сложена поради непристапниот терен“, рече градоначалникот на Радовиш, Герасим Конзулов.

Додаде дека имаат сознанија оти пожарот постојано се потпалува од страна на неодговорни граѓани.

Досега во пожарот, кој гори десетина денови, изгореа околу 200 хектари нискостеблеста шума.

И покрај тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп, американската разузнавачка заедница веќе долго време ја смета појавата на пандемии како една од најголемите закани.

повеќе

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе