Се преврте возило на делницата Велес-Штип, повредени се маж и жена

Попладнево околу 15,07 минути поради лизгав коловоз и мраз се случи сообраќајна несреќа на делницата Велес-Штип, над месноста викана Ѓубриште во која се превртело возило со сопружници од велешкто село Бузалково.

Како што информира началникот на Брза Помош д-р. Василка Пановска Поп Стефанова тие се здобиле со телесни повреди.

На местото на настанот била д-р Јадранка Мишкова од службата за Итна Помош која. информира дека и мажот и жената се здобиле со повреди на главата, а мажот и со повреди на рамо и шака и по укажаната прва медицинска помош со возило на Итна помош биле пренесени во Хирушките амбуланти на велешката Општа Болница.

„Во 15 и 30 минути на одделот за хирургија при ЈЗУ Оопшта болница – Велес од страна на Итна медицинска помош биле донесени се две лица повредени во сообраќајна незгода и тоа маж на возраст од 63 години и жена на 62 годишна возраст. Двајцата се здобиле со лесни телесни повреди“, информира д-р Елеонора Јованова портпарол на велешката болница.

Како што информира ,д-р Љупчо Леов ортопед, кој ги прегледал повредените, тие биле снимени и имале телесни повреди.

Тие им препорачале да останат на набљудување во болницата, но повредените одлучиле да потпишат и да си заминат дома.

МИА

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе