Се преврте турски автобус во Куманово

Турски автобус полн со патници попладнево се превртел на раскрсницата на автопатот Куманово- Белград, во населбата Долно Којнаре.

Од СВР Куманово соопштуваат дека несреќата се случила во 17 часот, кога автобус со турски национални ознаки излетал од патот

„Според првичните информации три лица се здобиле со полесни повреди, но одбиле лекарска помош“, велат од кумановската полиција.

На лице место е увидна полициска екипа, како и Итна помош и Противпожарната единица.

Фото: кумановоњуз

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе

Неделава во Тирана за првпат 31 прехранбена и 6  дистрибутивни компании од регионов заеднички ќе настапат на саемот во организација на Коморскиот инвестициски форум кој го предводиме ние.

повеќе