Сообраќајка во Скопје

Се преврте полициско возило на Рузвелтова, повредени тројца полицајци

Тројца полицајци се повредени откако полициско возило се превртело ноќеска во сообраќајка што се случила на крстосницата на улиците „Франклин Рузвелт" и „Орце Николов" во скопската населба Карпош, потврдија од МВР. 

„На 10.07.2021 во 03,37 часот во Скопје на крстосницата од улица Франклин Рузвелт со улица Орце Николов, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило шкода јети сопственост на МВР, а управувано од К.Н. и патничко моторно возило мицибуши спејстар со скопски регистарски ознаки, управувано од В.А.(41) од Скопје. Во незгодата со повреди се здобиле возачот (полициски службеник) на возилото шкода јети и двајца сопатници (поолициски службеници) од истото возило, по што им била укажана помош во Комплексот клиники Мајка Тереза. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје", соопштија од МВР.

Превртеното полициско возило беше кренато утринава со „пајак“. 

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе

Енергетската сиромаштија е значително поприсутна во централна, источна и југоисточна Европа, покажува последното истражување.

повеќе