Се преврте „голф“ кај наплатната рампа во Гостивар, еден тешко повреден

Едно лице е потешко повредено, а едно полесно во сообраќајната незгода што се случила доцна попладнево на автопатот Тетово-Гостивар, кога се превртел автомобил во непосредна близина на наплатната рампа кај Гостивар, потврди за МКД.мк портпаролот на СВР-Тетово, Марјан Јосифоски.

„Попладнево околу 18.30 во СВР-Тетово пријавена е сообраќајна незгода која се случила на автопатот Тетово-Гостивар, во непосредна близина на наплатната рампа кај Гостивар.

Патничко моторно возило ‘фолксваген голф 5“ со странски регистарски ознаки се претвртело на коловозот, а било управувано од 50-годишниот Н.Р. од Неготино,  полошко“, ни изјави Јосифоски.  

Во несреќата возачот на „голфот“ се здобил со тешки телесни повреди, а 46-годишниот сопатник од истото село завршил со лесни телесни повреди констатирани во гостиварската општа болница.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар, а додека траел увидот сообраќајот било пренасочуван.

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе