Се претставил како вработен во Шутка и побарал пари за ослободување на затвореник

Вчера во 14:00 часот во СВР Скопје, 56-годишниот Т.П. од село Ногаевци пријавил дека на 12.09.2020 бил измамен од едно лице, кое се претставило како вработен во Истражниот затвор Скопје, соопшти МВР.

Според пријавеното, околу 10.30 часот на Д.С.(29) од село Ногаевци, општина Градско, му се јавило едно лице кое се претставило како А.Н., наводно вработен во Затворот Шутка и му кажалo дека ако плателе пари, можел да помогне да излезе од затвор В.П.. Според пријавеното, Д.С. му го дал бројот на Т.П, кој се согласил да даде пари, по што околу 11.00 часот Т.П. се сретнал со А.Н. и му ги дал парите, а наредниот ден отишол во затворот и му го кажал тоа на В.П.. По 10 дена, бидејќи немало ништо од ослободувањето на В.П., тој настанот го пријавил. Се преземаат мерки за расчистување на случајот - информира МВР.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе