Се породила во Гевгелија, починала на КАРИЛ во Скопје

Елизабета Савиќ Динева (31) вчера починала на скопските клиники, откако тука била донесена петтиот ден по породувањето во Гевгелија. Според одговорните лица од ургентниот центар во клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, таа добила епилептични напади од непознато потекло.

Претходно Динева била хоспитализирана на Клиникатa за неврологија, каде што останала 24 часa, а потоа паднала во кома и итно била пренесена во Ургентниот центар.

Од Министерството за здравство информираат дека било постапено според сите протоколи. Телото е предадено на обдукција.

Елизабета Савиќ Динева во Гевгелија се породила со царски рез, но по пет дена била донесена во клиничкиот центар Скопје во лоша состојба.

Од Министерството за здравство велат дека треба да се почека обдукцискиот наод и да не се шпекулира со причините за смртта на родилката бидејќи можеби не се поврзани со породувањето.

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе