Се обидел да избега од државата: Приведен жител на Сараќино кој пукаше во соселанец

Синоќа околу 23 часот на Граничен премин „Јажинце", било приведено лицето П.П. (33) од село Сараќино, кој беше пријавен во полиција дека на 16-ти октомври пукал во соселанец додека управувал со возило марка „Голф" во движење.

Тој се обидел да избега од државата со друг идентитет. При пасошката контрола се претставил како 33-годишен А.Ш., од истото село, но бил препознаен од полицијата.

„На 23.01.2019 година во 23.10 часот на Граничен премин „Јажинце“ било приведено лицето П.П.(33) од село Сараќино, тетовско, кој се барал со централен распис за сторено кривично дело „обид за убиство“. Против него има поднесено и кривична пријава затоа што на 16.10.2018 година во село Сараќино со пиштол пукал во 57-годишен жител на ова село. На граничниот премин тој се пријавил како А.Ш.(33) од село Сараќино, тетовско, но при контрола на полициски службеници бил откриен неговиот вистински идентитет. Подоцна, тој бил предаден на СВР Тетово за понатамошна постапка“, велат од МВР.

Како што претхдно информираше полицијата, на 16-ти октомври П.П. додека се движел со „Голф“ со тетовски регистарски ознаки од пиштол испукал два куршуми кон Ќ.Е., кој одел пешки во близина на неговиот дом. Притоа еден од куршумите го погодил Ќ.Е. во десната надколеница, по што П.П. со возилото заминал од местото.

Повредениот Ќ.Е. со возило на итна медицинска помош бил пренесен во тетовската клиничка болница и бил задржан на понатамошно лекување. По овластување на јавен обвинител увид на местото извршила екипа од СВР Тетово. На местото била пронајдена една чаура калибар 7,65 милиметри што била подигната за вештачење.

 

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе

Пранкот врз премиерот го откри „гангот" кој управува со државата.

повеќе