Тешка сообраќајка

Се извлекуваат патниците од превртениот автобус (ФОТО)

Возила на Итната медицинска помош, противпожарно возило, полициски екипи и голем број граѓани се на терен по сообраќајката што попладнево се случи на патот кај село Ласкарци, на излез од Скопје.

Патниците што биле во превртениот автобус се вадат на носилки и им се дава лекарска помош. Дел од нив се пренесени во болница. Сликата на терен е страотна, а автобусот е превртен наопаку и е паднат во провалија. 

Група граѓани го опколија превртениот автобус и се обидоа да го поместат, за да им се помогне на патниците, но откако не успеаја, на терен пристигнаа и градежни машини. 

Повредените патници се пренесени на скопските клиники.

Од МВР најавија повеќе информации за повредени или евентуални жртви за подоцна.

 

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе

Пранкот врз премиерот го откри „гангот" кој управува со државата.

повеќе