Акција на МВР во Скопје

Санкционирани над 200 возачи за брзо возење

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје во периодот од 06.00 часот на 26.06.2019 до 06.00 часот на 27.06.2019 година при зајакната акциска контрола на подрачјето на Скопје откри 106 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина за што се соодветно санкционирани, информираат од МВР.

Откриени се и 60 останати прекршоци за кои се издадени 21 мандатен платен налог и 39 прекршочни платни налози, соопшти денеска МВР.

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје вчера спроведе и акциска контрола за откривање прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли на територијата на Скопје, при што се санкционирани 20 возачи на мотоцикли. Откриени се и 20 останати прекршоци за кои се издадени 12 мандатни платни налози и осум прекршочни платни налози.

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе