Санкционирани 42 пешаци за прекршоци на територијата на Битола

Денеска во засилена акциска контрола спроведена на територијата на СВР Битола за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците.

Притоа, санкционирани се 42 пешаци од кои, 37 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин.

За време на контролата регистрирани се и 21 останати прекршоци.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе