При контролата констатирани се 24 сообраќајни прекршоци. Од нив три санкции за некористење сигурносен појас, една мерка за возење повеќе од дозволената брзина, една санкција за восење без возачка дозвола, 18 возила се упатени на вонреден технички преглед.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.