Санкционирани 237 возачи на мотоцикли, 53 без возачка дозвола

Во зајакната акциска контрола на територијата целата држава за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, спроведена во периодот од 03.05 до 08.05, санкционирани се 237 возачи.

Од нив дури 142 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 53 возеле без возачка дозвола, 16 возеле со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола, двајца возеле под дејство на алкохол при што од сообраќај се исклучени 42 возачи. Санкционирани се и други прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе