МВР билтен

Санкционирани 15 пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин

За еден ден СВР Скопје исклучиле од сообраќај вкупно петмина возачи, четири возила и 15 пешаци.

Во текот на 20.01.2020 година на подрачјето на СВР Скопје превземени се мерки и активности при што oд сообраќај се исклучени три возачи, од кои двајца затоа што управувале возила под дејство на алкохол и еден возач затоа што управувал возило без да се стекне со право на управување на моторно возило.

Исто така, од сообраќај биле исклучени четири возила, бидејќи биле нерегистрирани.

Санкционирани се и двајца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло.

Во однос на пешаците, санкционирани се 15 пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин.

Во текот на изминатиот ден 55 возила се подигнати со специјално возило „пајак“.

 

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе