Санкционирани 120 возачи во Скопје, 37 за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 120 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 37 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се три мерки за користење мобилен телефон, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), три мерки за технички неисправни возила во јавниот превоз...

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе