СВР Скопје

Санкционирани 10 возачи кои возеле пијани и шест без возачка дозвола

Вкупно 11 сообраќајки се случиле во текот на изминатото деноноќие на подрачјето на Скопје, информираат од полицијата. Во сообраќајките две лица се здобиле со тешки повреди, а тројца биле полесно повредени.

Полицијата санкцинирала 40 возачи кои управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Од сообраќај биле исклучени 10 возачи од кои четири возачи затоа што управувале возило под дејство на алкохол и шест бидејќи управувале возило без да се стекнат со право за управување на моторно возило.

Од сообраќај биле исклучени девет возила бидејќи шест биле нерегистрирани, а три возила биле технички неисправни. Санкционирани се двајца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло и еден возач поради неправилно престигнување.

Во текот на изминатиот ден издадени се 83 мандатни платни налози и 81 возило се подигнати со специјално возило "пајак".

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе

Анализа на проф. д-р Гордан Калајџиев на Решението У.бр.96/2016 од Уставниот суд.

повеќе