МВР билтен

Санкционирани 10 пешаци, „пајакот“ кренал 65 возила

Во текот на минатото деноноќие санкционирани се 10 пешаци, двајца возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, а од сообраќај се исклучени четири возачи. 

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека двајца возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Од сообраќај се исклучени четири возачи, од кои: еден возач затоа што управувал возило под дејство на алкохол и три возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило.

Исто така, исклучени од сообраќај се три возила, бидејќи биле нерегистрирани, а санкционирани се двајца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло.

Во однос на пешаците, санкционирани се 10 пешаци поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден 65 возила се подигнати со специјално возило „пајак".

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе