Сакал да влезе на Табановце со пасош на друго лице

Полициски службеници на граничниот премин Табановце вчера го привеле дваесет и петгодишниот Л.А од Албанија, за кого при пасошка контрола утврдиле дека користи пасош на друго лице.

Причината поради која го направил тоа е што во неговата патна исправа имал забрана за влез во земјите од ЕУ. Лицето е предадено на полициски службеници од полициската станица Куманово за понатамошна постапка.

На граничниот премин Ќафасан пак, полициски службеници привеле дваесет и деветгодишник од Албанија кој бил на Стоп листата на Интерпол со мерка апси.

Лицето е предадено на полициски службеници од полициската станица Струга за понатамошна постапка.

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе