На територијата на Скопје

Саботна контрола - 24 возачи под дејство на алкохол

Во текот на вчерашниот ден во Скопје од возилата што ги запре сообраќајната полиција, кај 24 возачи е утврдено дека биле под дејство на алкохол. Казнети се и 18 лица кои возеле без возачка дозвола.

Сообраќајната полиција изрече вкупно 203 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 58 санкции, шест прекршоци што го чинат возачите на мотоцикли, осум санкции за возачи почетници, 11 санкции за користење мобилен телефон, три санкции за некористење сигурносен појас, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест санкции за недавање на првенство на минување на пешаци, 46 санкции за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, предупредува МВР и апелира да се почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе