превентивната кампања „Безбедно лето 2022"

РСБСП: „На пат секогаш тргнувај одморен“

Под мотото „На пат секогаш тргнувај одморен", Одделението за превенција при СВР Охрид и Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) ја спроведоа превентивната кампања „Безбедно лето 2022“, при што возачите ги потсетија на потребата од почитување на сообраќајните правила.

Како што соопштија од МВР, денеска полициските службеници на граничниот премин „Ќафасан" и на повеќе локации во Охрид низ кратки едукативни разговори со возачите на моторни возила потсетија на потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи, како основен предуслов за подобрување на безбедноста на сообраќајот на патиштата.

Акцентот е ставен на подигањето на свеста за влијанието на заморот и на високите летни температури врз способноста за управување со моторно возило.

Притоа, на возачите им беше поделен едукативен материјал со корисни совети за безбедно учество во сообраќајот. Од МВР најавија дека кампањата ќе продолжи и на другите подрачја на СВР Охрид.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе