МВР

Романка со авионски лет спроведувала две женски лица со туѓ идентитет

Полицијата на скопскиот аеродром лишила од слобода романска државјанка која спроведувала две женски лица“ за кои покажала српски пасоши кои не биле нивни. Од МВР за МКД.мк не можеа да одговорат на прашањето дали се работи за трговија со луѓе, бидејќи, како што одговорија, се уште се работи на утврдување на идентитетот на двете женски лица и нивното државјанство, но рекоа дека и тие се полнолетни и лишени од слобода.

 

 

Во веста на редовниот утрински билтен на МВР се вели: „На 10.08.2021 година во 17.00 часот на граничен премин 'Меѓународен аеродром Скопје' од слобода била лишена Н.С.(50) од Романија, затоа што спроведувала две женски лица кои се служеле со патни исправи на Република Србија, кои не биле нивни. Н.С. и двете женски лица биле приведени и предадени во Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка“.

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе

Со само 48% вакцинирано население, недозволиви грешки на стручниот штаб за Ковид-19 и масовни протести против вакцинација, очигледно е дека кампањата за вакцинација во Словенија беше навистина неуспешна. 

повеќе