Семејно насилство во Скопје

Родители претепале и тешко повредиле 15 годишно девојче

Малолетничка од Скопје на возраст од 15 години пријавила семејно насилство од сопствените родители. Според она што таа го раскажала во полицијата, пред 2 дена во нејзиниот дом, околу 23 часот била нападната прво од нејзината мајка, па од таткото кој и нанел тешки повреди.

Двајцата пријавени родители се на возраст од 47 години. По пријавата во полицијата, девојката била згрижена во Центарот за социјални работи, каде и е обезбедена целосна поддршка.

Од МВР велат дека по целосно расчистување на случајот против пријавените ќе следат соодветни поднесоци.

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе