МВР

Рекорден број на луѓе го прекршиле полицискиот час во Тетово

Во изминатите 24 часа предвидени за контрола за постапување по здравствени прописи за време на епидемија согласно член 206 од Кривичниот законик, се откриени 14 лица кои на разни начини прекршиле полициски час и сличните прописи што претставува најголем број од почетокот на мерката на 22 март, информира денеска тетовската полиција. За сите ќе има соодветен поднесок.

Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово, наведе дека воедно по основата за проверка на задолжителното носење на заштита опрема со маски за лице издадени се предупредувања за 17 лица.

Во сместувачките капацитети на Попова Шапка во задолжителен државен карантин нема нови лица, а две лица го поминале 14-дневниот период.

СВР Тетово регистрира 11 нови лица кои добиле решенија за изолација дома од Државен здравствен и санитарен инспекторат, а извршени се 66 контроли. Седум луѓе потпишале изјави за самоизолација дома, а извршена е контрола на 68 лица.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе