Сообраќајна контрола

Речиси половина од запрените возачи во Скопје фатени на радар

За време на сообраќајните контроли на територијата на Скопје вчера, од 163 санкционирани возачи, на 73 од нив им се напишани прекршочни казни за брзина над дозволената.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека се изречени и осум казни за возење без возачка дозвола и две санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Казнети се четворица возачи кои разговарале на телефон додека го управувале возилото, двајца се казнети за минување на црвен семафор.

За погрешно паркирање се казнети 47 лица.

МВР предупредува дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

 

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе