МВР

Разрешениот директор на прилепскиот затвор осомничен за несовесно работење

Разрешниот директорот на затворот во Прилеп, Слободанчо Ристески (53) заработил кривична пријава за несовесно работење во службата, информира МВР. „Пријавениот во својство на директор на казнено-поправната установа Затвор Прилеп, со повреда на законските прописи за совесно постапување при вршење на дискреционо овластување, со пропуштање на должен надзор како и на друг начин со несовесно постапување во вршење на своите овластувања и должности, прибавил за себе и други одредена корист", се вели во соопштението на МВР.

На последната седница на владата беше усвоена  одлука за разрешување на директорот на КПУ Прилеп, Слободанчо Ристески.

Надворешната канцеларијa за криминалистички работи Прилеп до Основното  јавно обвинителство Прилеп, поднесе кривична пријава против С.Р. (53) од Прилеп поради постоење основи на сомнение  за сторено кривично дело несовесно работење во службата по член 353-в од Кривичниот законик на Република Македонија.

Истрагата утврдила дека затворот имал добиено согласност да ангажира тројца затвореници за работа во фирма во Прилеп, кои ќе извршуваат работни задачи за одреден надоместок, секој работен ден и во утврдено работно време, почнувајќи од 21 март годинава. Работата на осудениците требало да ја контролира Комисија од тројца членови формирана од директорот, најамалку еднаш неделно, а по проценка и повеќе пати.

Од извештаите за извршени контроли од април до мај, било заведено дека една контрола била извршена во април, а четири во мај и секогаш била констатирана уредна состојба. Тоа отворило простор за можни злоупотреби од страна на ангажираните затвореници во фирмата, по што полицијата минатата недела извршила контрола и не ги затекнала осудениците на работните места, ниту пак биле во кругот на фирмата.

На овој начин, директорот постапил спротивно на законските одредби за ангажирање на осудено лице надвор од установата, донесени од страна на Управата за извршување на санкции во 2011 година.

Исто така, директорот презентирал само два меморандуми за соработка, еден со приватна фирма и еден со Јавната установа „Детска иднина“, но во книгата за рапорт биле внесени податоци за работно ангажирање на осудени лица и во општина Прилеп. Од проверките било утврдено дека ангажираните осуденици не биле затекнати  во општината Прилеп.

Освен ова, директорт се сомничи дека во периодот од февруари до мај годинава редовно доставувал извештај за полнење на гориво во службеното возило, но референтот на возниот парк во Затворот го внесувал само горивото од причина што во испратниците не бил внесуван податок за поминати километри. Директорот бил должен да го впишува податокот за поминати километри, а не изготвувал и патни налози.

Истрагата утврдила и дека осомничениот несовесно постапувал и по законот за извршување на санкции. Наместо службата за обезбедување-Сектор за обезбедување, било утврдено дека лично тој и книговодителот со две службени возила од кои едното возило било нерегистрирано, извршиле спровод на седум осуденици до Казнено-поправната установа Затвор „Скопје“. 

 

      

                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                        

Да можеме Благуна да ја прашаме за нашите јадови околу текстот од Нивици, би ја зачудиле.

повеќе

Плукајќи врз музикантите, незнаејќи одработувате за други интереси поведени од разбирливата емотивна нетрпеливост која ја прават криминалците од двете страни.

повеќе

Каков и да биде резултатот од предвидениот референдум за името во септември или во октомври, тој не дава гаранција за обезбедување двотретинско мнозинство во Собранието за промена на Уставот.

повеќе