Ноќна акција на полицијата

Различни видови дрога пронајдени кај 8 лица при контрола на угостителски објекти

Ноќеска полицијата извршила контроли во повеќе угостителски објекти на подрачјето на Скопје. Кај осум лица била пронајдена дрога и тие се приведени. Кокаин, амфетамин, марихуана и бела грутчеста материја, пронадје кај нив полицијата.

„Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, постапувајќи по акциски план за спречување на кривични дела по член 215 и член 216 од Кривичниот законик на подрачјето на град Скопје, извршија контрола во угостителски објекти и преглед на  над дваесетина лица по што лишени од слобода се: А.С.(19), Ф.А.(25), Н.С.(31), А.А.(24) сите од Скопје, А.М.(26) од Битола, Д.Г.(27) од Куманово и М.М.(22) од Гостивар, како и еден малолетник од Скопје, поради тоа што кај нив биле пронајдени кокаин, амфетамин, марихуана и бела грутчеста материја“, се вели во полициското соопштение.

По целосното документирање на случајот ќе следат соодветни поднесоци, најавуваат од МВР. 

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе