Разбојник украл телефон од девојка на Бит Пазар, полицаец го уапсил на местото на настанот

СВР Скопје – Единица за внатрешни работи Центар и Бит Пазар поднесе кривична пријава против Ф.С.(51) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“, при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 30.000 денари

На 15.10.2020 на автобуска постојка на бул.„Крсте Мисирков“ во Скопје, пријавениот на А.Р.(20) од Куманово ѝ го одзел мобилниот телефон.

При извршување на делото, тој бил забележан од полициски службеник и веднаш бил лишен од слобода, а телефонот ѝ бил вратен на оштетената.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе