Скопје

Разбојник со пиштол украл 680.000 денари од „Брза пошта“

Разбојник вооружен со пиштол вчера ограбил канцеларија на „Брза пошта" во скопската населба Аеродром и украл 680.000 денари.

Според полицијата, разбојништвото се случило во 7.10 часот, во канцеларијата на булеварот Јане Сандански. Разбојникот кој бил маскиран и вооружен со пиштол влегол во канцеларијата и го вперил оружјето во вработената.

Потоа и се заканил дека ќе пука и и наредил да му ги даде парите. По ова разбојникот ги зел парите и избегал.

Полицијата го расчистува случајот и го бара вооружениот разбојник.

 

 

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе