Наредба за истрага од ОЈО Битола

Разбојник со нож држел жена додека двајца пребарувале по соби и ја ограбиле

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување на истражна постапка, како и предлог за определување на мерка притвор и куќен притвор против три лица поради сомнеж за сторено разбојништво. Настанот за кој лицата на возраст од 26, 21 и 19 години се осомничени се сличил на 27 јуни, 2018 година во селото Рибарци. Осомничените според Обвинителството, претходно се договориле и маскирани со црни чорапи на главите, отишле пред куќата на оштетената.

Таму со нож ја пресекле заштитната мрежа за инсекти на прозорецот од гостинската соба на куќата, го отвориле прозорецот и влегле внатре. Ја фатиле оштетената за рацете и за устата за да не вика и со употреба на нож во должина од околу 30 сантиметри и се заканиле дека ќе ја убијат. Додека едниот од осомничените ја држел оштетената, другите двајца пребарувале низ собите и одзеле женска кожна чанта во која имало банкноти од различни валути и други вредни предмети, во вкупна вредност од 67.000 денари.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за двајца од осомничените, додека за третиот предложи мерка куќен притвор.

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица, за кои постои основано сомнение дека во соизвршителство сториле кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе