Разбојници во куќен притвор, краделе пари и телефони од автомобили

Полициски службеници од Полициската станица во Гевгелија, вчера ги лишиле од слобода А.К.(23) од село Прдејци, Гевгелиско, Л.Б.(23) од Гевгелија, Р.В.(28) од село Стојаково, Гевгелиско и С.М.И.(29) од Гевгелија.

Според МВР, четворицата, на 26 април околу 01.00 часот на улица „Миле Пецанов" во Гевгелија физички го нападнале Ј.К.(22) од Неготино и одзеле патничко моторно возило бмв со неготински регистарски ознаки, пари, мобилен телефон и други предмети кои биле во возилото.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а во текот на вчерашниот ден против лицата била поднесена кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело „разбојништво" по член 237 став 4 од Кривичниот законик, по што од судија на претходна постапка им била определена мерка домашен притвор.

Римскиот политичар и филозоф, Марк Тулиј Цицерон, во I век пред н.е. укажал дека „кога немате основа за аргумент, злоставувајте го тој што ве обвинува“.

повеќе

Со појавата не енергетската криза многу земји отстапија од зацртаните планови за намалување на емисиите на стакленички гасови.

повеќе

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе