Разбојници украле мобилен телефон од дете

Гостиварската полиција расветли едно разбојништво кое беше пријавено пред два дена и приведе две лица, а по трето трага. Од СВР Тетово информираат дека вчера во периодот од 14 до 16 часот во Гостиварско Чегране, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода М.Х.(34) од тетовски Пирок и Ф.А.(18) од Чегране. 

Двајцата се сомничат дека со уште едно лице по кое се трага на ден пред тоа, (25 октомври) на улица „Боге Велјановски" во Гостивар физички нападнале малолетник од Гостивар, по што му одзеле мобилен телефон и пари.

Осомничените се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе