Разбојници украле мобилен телефон на жена, полицијата ѝ го врати

Полициски службеници од ЕВР Карпош и ЕВР Центар-Бит Пазар денеска во 01:05 часот на булевар „ВМРО" во Скопје ги лишиле од слобода С. М. (42) и В. Т. (24), двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека вчера околу 23:00 часот на булевар „Гоце Делчев" физички ја нападнале А. Ц. (36) од Прилеп и со закана ѝ одзеле мобилен телефон. Кај нив бил пронајден телефонот, кој бил вратен на сопственичката, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во консултација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе