Разбојници со пиштол влегле во куќа во Тетово, украле пари, злато и телефони

Четириесет и седумгодишна жителка на Тетово вчера околу 21.30 часот во полиција пријавила дека во нивниот дом вооружени лица извршиле напад и кражба. Таа била дома заедно со нејзината ќерка.

Во СВР Тетово било пријавено дека неколку непознати лица со физички напад врз 47-годишна тетовка и со закана со пиштол влегле во нејзиниот дом на ул. „Маршал Тито", каде била заедно со нејзината ќерка. Одзеле пари, телефон и златен накит. Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување и документирање на случајот, соопшти СВР Тетово.

По консултација со Јавен обвинител, увид во станот извршила екипа од СВР Тетово.

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе