Покрената истрага

Разбојници со пиштол ограбиле обложувалница во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица, осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело – разбојништво на 9 октомври во спортска обложувалница во Скопје.

„Осомничените, по претходен договор, на 9 октомври влегле во објект на спортска обложувалница на улица „Зеничка“ во Скопје и се заканиле дека ќе нападнат врз животот на една вработена. Едниот осомничен, со пиштол во раката, побарал од оштетената да каже каде се парите и ја турнал до ѕидот, додека другиот осомничен се упатил кон работниот пулт и од една од фиоките одзел 188.460 денари“, соопшти Јавното обвинителство.

Надлежниот јавен обвинител оценил дека за едниот осомничен постојат околности кои упатуваат на опасност од бегство, како и основан страв дека тој би можел да го повтори делото или да ги сокрие и уништи трагите од кривичното дело. Од тие причини јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје доставил и Предлог за определување мерка притвор за тој осомничен. Вториот осомничен до овој момент не е обезбеден од страна на полицијата и за него е распишан централен распис.

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе