Само во текот на вчерашниот ден по наредби од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје извршени се претреси на шест локации во Скопје, Арачиново и Радуша, при што се пронајдени повеќе килограми наркотична дрога марихуана и повеќе полиетиленски пакувања со кокаин, како и ваги и други предмети од кривични дела. Приведени се Ш.И. (36) и Ј.Х. (21), а се трага по С.И.(30).
До Основното јавно обвинителство поднесена е кривична пријава против три лица Ш.И. (36), С.И. (30) и Ј.Х. (21) поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по член 215 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија, а од sудија на претходна постапка им е одреден притвор.