Растурена домашна забава во Скопје, приведени 8 лица

Ноќеска во 01.28 часот по добиена пријава во СВР Скопје, полициски службеници  од Полициска станица Карпош извршиле контрола во стан на бул.„8 Септември”, во кој престојува П.П.(25). При контролата, покрај П.П., биле затекнати уште седум лица на домашна забава, на возраст од 25 и 26 години и било констатирано дека не се почитуваат мерките за заштита и спречување на ширењето на ковид-19.

Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”.

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе

(Овој труд беше презентиран на конференцијата „Геноцидот и неговата превенција во дигиталното доба: предизвици на 21 век“, 19- 23 јули, Барселона, Шпанија.)

повеќе

Во законодавниот дом е блокирано донесувањето на дваесетина закони преку илјадници амандмани поднесени од страна на опозицијата.

повеќе