Расправии, тепачки, напади...серија физички пресметки низ цела држава

Во текот на вчерашниот ден, а и денеска, полицијата регистрирала серија физички пресметки низ целата држава.

На подрачјето на скопски Аеродром вчера бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Ј.(36) и Б.М.(26), двајцата од Скопје, на која ѝ претходела вербална расправија.
Исто така во Аеродром синоќа К.Н.(20) и З.Т.(63), двајцата од Скопје, по претходно недоразбирање, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.

Во СВР Куманово, пак, Г.В.(40) пријавила дека околу 12.00 часот, во близина на продажен објект во Куманово, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник.
Кавадарчканката Е.М.(37) вчера во СВР Велес пријавила дека таа, нејзиниот син и нејзините роднини А.М., Б.М. и С.М., сите од Кавадарци, биле физички нападнати од Б.М., кој при нападот употребил и остар предмет, со кој на С.М. му нанел тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Кавадарци.

Во друг случај во Кавадарци, Р.А.(46) од Кавадарци пријавила дека на 17.06.2021 околу 18.00 часот во нејзиниот двор во Кавадарци, по претходна расправија, била физички нападната од нејзините роднини А.Н. и Е.Н..

Во СВР Струмица, С.К.(23) од Струмица ноќеска пријавил дека околу 04.00 часот пред угостителски објект во Струмица тој и Т.С. биле физички нападнати од С.Г. и уште неколку лица.
Во Полициска станица Центар С.Ј.(21) од Скопје вчера пријавил пријавил дека околу 13.30 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од М.Т. и А.Ј., по што А.Ј. со остар предмет го оштетил и патничкото возило „фиат панда“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на братот на пријавителот.
Во Струмица е регистриран уште еден физички напад. Ноќеска В.Т.(18) од с.Дабиље пријавил дека пред перална во Струмица бил физички нападнат од Ф.Д..
На 17.06.2021 во Полициска станица Центар, К.А.(27) од с.Студеничани, скопско, пријавил дека во 18.45 тој, О.Б.(30) и Ф.Н., по претходно недоразбирање, биле физички нападнати од А.Е., М.Б., В.Ј., У.Б., М.Е., С.Б., О.Н. и А.Г., кои при нападот користеле и тврди предмети.
Во Полициска станица Неготино било пријавено дека во Неготино, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Ѓ.(19), од една страна, и Д.М.(24), К.П.(21) и К.Н.(20), од друга страна, сите од Неготино.
76-годишната Г.М. од Куманово ноќеска пријавила дека околу 00.40 часот во нејзиното дворно место во Куманово таа и нејзиниот син И.М., по претходно недоразбирање, биле физички нападнати од А.И.

Полицијата презема мерки за расчистување на сите случаи.

 

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе