Расчистени три тешки кражби во Гостивар

Секторот за внатрешни работи Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар расчисти три тешки кражби, кои од 7 до 12 јануари биле извршени во објект на „Железници на РСМ" во Гостивар и во два угостителски објекта во негова непосредна близина, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Е.П.(35) и А.М.(18), двајцата од Гостивар, се осомничени дека се извршители на кражбите. Тие со употреба на сила влегле во објектите и одзеле повеќе предмети и пари. Одземените предмети се пронајдени и на 24.01.2022 се вратени на сопствениците, посочуваат од МВР.

Лицата биле лишени од слобода, а по документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе