Расчистени десет кражби, приведен крадец

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Скопје – ЕВР – ОКР Центар и Бит Пазар денеска го лишиле од слобода Д.К.(19) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „Кражба", извршена на 26 јули, при што од маркет во трговски центар одземал повеќе производи.

Лицето е приведено и по извршениот службен разговорот Д.К. во целост го признал и го појаснил начинот на извршување на делото што соодветствува со обезбедените материјални докази.

Двајца малолетници извршиле десет кражби на подрачјето на Кочани.

Од МВР информираат дека вчера, по претходно добиени оперативни сознанија, во ОВР Кочани се повикани малолетник од Кавадарци со претставник од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Кочани и малолетник од Кочани со неговиот родител, поради постоење основи на сомнение дека малолетниците извршиле кривични дела од областа на имотните деликти.

„Покрај обезбедените докази дека двајцата во периодот од 22 до 29 јули годинава, сториле 10 кривични дела на подрачјето на ОВР Кочани, и тоа: седум „тешка кражба на дрзок начин", една „тешка кражба во обид" и две кривични дела „кражба". При извршените службени разговори, тие и ги појасниле делата“, велат од полицијата.

По документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. 

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе