Расчистена „разбојничка кражба“, кривична против четворица малолетници

Од полициски службеници од СВР Скопје – Единица за внатрешни работи, Одделение за криминалистички работи Аеродром, Драчево, денеска во полициска станица биле повикани двајца малолетници, поради основано сомнение дека заедно со други две малолетни лица, сите од Скопје, извршиле кривично дело „разбојничка кражба".

Како што посочуваат од МВР; на 4 август 2021 околу 21:30 часот, во близина на сендвичарница, тројца од нив физички нападнале малолетно лице, а четвртиот малолетник со употреба на сила одзел пари.

Во присуство на родителите е извршен службен разговор со двете повикани лица, при што го појасниле настанот во целост.

По насока на Јавен обвинител за малолетници од ОЈО Скопје, по комплетно документирање на случајот против четирите лица ќе биде поднесена пријава согласно чл.238 од Кривичниот законик.

Ние Македонците од село Гореме, општина Струмјани, го поздравуваме народот покрај Вардар (барем реката сѐ уште е таму) и се „восхитуваме" на дејствувањата на мудрите мажи на државата.

 

повеќе

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе