Кривична пријава

Раководителка во Агенцијата за вработување си купувала лични работи со службени пари

Со пари од благајната на Агенцијата за вработување С.А. (36) во период од три години купувала за свои лични потреби купувала производи или плаќала разни услуги со што ја олеснила касата за над 10 илјади евра. Против неа е поднесена кривична пријава до Обвинителството за организиран криминал и корупција, информира МВР.

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Оснонвното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против С.А.(36), раководител во Центар за вработување при АВРМ, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување", предвидено и казниво по член 353 став 5 во врска со став 1 од Кривичниот законик, информира МВР.

„Пријавената го сторила кривичното дело во својство на службено лице од позиција на раководител, при што во периодот од 01.01.2014 до 30.04.2017 година, злоупотребила и ненаменски искористила парични средства од благајната на Центарот за вработување при АВРМ, кои биле одобрени за службени потреби и репрезентација на Центарот, а таа, со намера за себе да прибави корист, злоупотребувајќи ја својата службена положба и пречекорувајќи ги границите на службените овластувања, вршела набавки на стоки и услуги за свои лични потреби, а не за потребите на службата“, пишува во соопштението на МВР.

Во соопштението се наведува дека во наведениот период С.А. за свои лични потреби и за своја сметка нанела штета на Буџетот во вкупен износ од 635.065 денари (10.325 ЕУР).

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе