Во Истражниот затвор во Шутка

Работникот што го уби холандскиот газда се заканува со нови убиства во притвор, психијатар нема

С.Р. (49), осомничениот за убиство на холанѓанецот Јос М. (59) сопственик на расадникот „Еуроплантс" во тетовско Прељубиште, кој пред 10 дена почина откако беше удрен со камен во глава бил вознемирен, гласен и агресивен во притворската ќелија во Истражниот затвор во Шутка и се заканувал со нови убиства, дознава МКД.мк. Според нашите информаци овој осомничен нападнал и цимер во ќелијата, обидувајќи се да го задави. Го спасила брзата реакција на затворската полицијата.

Мерката притвор сега овој осомничен ја издржува со друг цимер и е под посебен надзор. Во ќелијата седел на едно место, не давал никој да му се доближи, со закани дека повторно ќе нападне и убие, а постојано зборувал за војната во Вуковар и за убивање.

Во Истражниот затвор во Шутка во моментов нема ниту стручно лице, односно психијатар кој ќе може да позборува и да му пружи стручна лекарска помош на овој притвореник.

Оваа информација ни ја потврдија и од Управата за Извршување на санкции од каде најавија одговор до утре.

Психијатарот кој работеше во Истражниот затвор во Шутка, а кој во исто време беше и психијатар во затворот во Идризово, пред околу еден месец заминал во пензија. Лекарскиот тим кој работи во овие два затвори е во надлежност на Здравствен дом Скопје.

По настанот, С.Р. кој бил вработен во расадникот бил лишен од слобода, а по извршениот увид и разговор со него во полициска станица, СВР Тетово до обвинителството достави кривична пријава за убиство.

На предлог на Обвинителството, а со одлука на судија на претходна постапка, определена му е мерка притвор од 30 дена.

Според првичните податоци од увидот на местото и разговор со вработените, на убиството му претходела расправија и физичка пресметка. Работникот со камен неколку пати го удрил и го усмртил сопственикот на расадникот.

Холандскиот државјанин пред десетина години,како концесионер на имотот на агрокомбинатот Борец ја започнал работата на расадникот „Еуроплантс".

Во моментов во Обвинителството трае истрага за случајот со убиството на холандскиот газда. 

К.Д.

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе